Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на КЛИМАМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

КЛИМАМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

КЛИМАМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. КЛИМАМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

КЛИМАМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување.

КЛИМАМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје,  Карго Експрес или друг доставувач на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени (со пресметан ДДВ) ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка, во готово при достава на производот или со профактура.

Поштенските трошоци се пресметуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

КЛИМАМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

 

Овластени сервисни центри

За повеќе информации обратете се на:

e-store@klimamarket.mk или на телефонскиот број 075/300-931; 075/300-932

Verificiran badge

 

Контакт

  • 075/300-931 075/300-932
  • e-store@klimamarket.mk

Facebook

КЛИМАМАРКЕТ.мк © 2024. UKION SHOPS