Гарантни услови
ГАРАНТНИ УСЛОВИ
Секој купен производ подлежи на одреден гарантен период, за што купувачот добива гарантен лист во кои се содржани гарантните услови за производот на кои купувачот задолжително ќе се придржува.
Инсталацијата/монтажата на производот задолжително мора да е извршена од овластен/професионален центар за монтажа и сервис.
Гарантниот лист мора да е заверен од професионален сервисен центар.
Гарантниот рок започнува да тече од датумот наведен во Гарантниот лист или од датумот на документот за купопродажба.
Гаранцијата ја губи важноста во следниве случаи:
- Кога е загубен гарантниот лист;
- Кога е загубен документот што е доказ за извршена купопродажба;
- Дефекти и оштетувања предизвикани при транспорт на производот од страна на купувачот или по продажбата на производот;
- Механички оштетувања (физичко) оштетување на деловите, изгорени делови од печатени кола
- Дефекти настанати како резултат на природни непогоди како земјотрес, поплава, пожар или друго,
- Дефекти настанати при неприлагоден извор за напојување, струен удар или други надворешни фактори и несоодветна работна околина
- Дејствија или поправки кои предизвикале дефект или механичко оштетување или причина за неисправност, а која не е извршена од овластен сервисен центар
- Оштетување од влага, вода, прашина, рѓа, инсекти, глодари, нагризувачки материи
- Кога има обид за поправка, премонтажа или прилагодување на производот од неовластен сервисен центар;
- Кога има оштетувања предизвикани од неправилна употреба, надвор од упатството за употреба;
- Ако има физичко, хемиско, електрично или друг вид на влијание врз производот при што тој е оштетен, а не е поврзан со начинот на правилна употреба на уредот;
- Дефекти настанати како резултат на нормално абење
- Доколку производот е отваран/сервисиран или е вршена модификација од страна на неовластено лице, оштетена заштитната налепница и серискиот број на производот/системот.
- Дефекти кои се настанати како последица на неквалитетни/неоригинални потрошни материјалИ
При поднесување на рекламација потрошувачот е должен да достави заверен Гарантен Лист кој ја содржи пропишаната содржина заедно со фискалната сметка за производот или издадената фактура. Рекламации не се прифаќаат кога фабричкиот број на производот не може да се прочита или недостасува, освен во случаите кога тоа е направено од производителот.
Ако поради горенаведените причини настанат дефекти и оштетувања, сервисирањето е на сметка на потрошувачот, дури и кога истото се врши за времетраењето на гарантниот рок.
- Гаранцијата не опфаќа чистење и одржување на производот, како и промена на потрошни материјали и делови;
- Гаранцијата не ги покрива компонентите на производот кои имаат ограничен рок на траење (батерии, додатоци, и сл.);
- Гарантните услуги се даваат од овластени центри, само во случај на целосна документација поврзана со производот и негови карактеристики.
За производи кои се купени и инсталирани, а се фабрички исправни, потрошувачот неможе да бара замена ниту рефундирање на уплатените средства.
Поврат на парични средства, може да го оствари само доколку се утврди дека производот е фабрички неисправен и нефункционален, а нема соодветна замена. Во тој случај може да се рефундираат уплатените средстава со приложен доказ за купопродажба во период од 3 дена од приемот на производот, а производот и пакувањето да немаат физички оштетувања.